ТРКА НА РАДОСТА 2019 – БИТОЛА и СКОПЈЕ

Да ја започнеме новата учебна година енергично со пробиотскиот јогурт на Бучен Козјак!!!

„Првачињата трчаат“ – трка од 200 метра 

„Учениците трчаат“ – трка од 500 метри 

Време: 1 СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА) 

10.30 часот – регистрација и подигнување стартен пакет 

11 ч. – трка „Првачињата трчаат“ 

11.15 ч. – трка „Учениците трчаат 

Место:  Битола (Градско шеталиште) и  Скопје (Градски парк – Школка) 

 Организатори: tvb.mk и Бучен Козјак

Начин на пријавување

Можеш да се пријавиш   со клик  –  тука

Пријавувањето ќе  трае до 28 август. Бројот на стартни пакет е ограничен.  Сите што ќе се пријават до оваа дата, ќе си обезбедат стартен пакет. 

За подетални информации :

info@tvb.mk

Контакт телефон: 078 294 509

 

„Промовираме  позитивни, здрави навики за здрави генерации.

Преку забава и игра, да научат да се натпреваруваат  со самите себе и секој нареден ден да бидат подобри од претходниот!“

Детската трка е  забавен и хуманитарно-едукативен настан чија главна цел е донација на  училиштен материјал за деца од социјално загрозени семејства, како и подигнување на свеста кај самите деца и нивните родители од потребата за спорт и правилна физичка активност.

Трките се од ревијален карактер и паралелно ќе се организираат и во Скопје и во Битола.

Настанот е поделен во два дела, поточно две трки кои ќе опфатат различни категории деца:

  1. Во првата трка право на учество ќе имаат првачиња (5-6 години). Делницата која ќе треба да ја трчаат изнесува 200 метри.
  2. Во втората трка учество ќе земат деца до 12 години, а нивната делница предвидува 500 м.

Пред трките е замислена програма за загревање водена од професионални спортисти, наменета за едукација за правилно спортување. По завршувањето на трките предвидена е богата лотарија и забавна програма, за која ќе бидат задолжени млади тинејџ бендови. 

 

 

 

Начин на пријавување

Можеш да се пријавиш   со клик  –  тука

Пријавувањето ќе  трае до 28 август. Бројот на стартни пакет е ограничен.  Сите што ќе се пријават до оваа дата, ќе си обезбедат стартен пакет. 

За подетални информации :

info@tvb.mk

Контакт телефон: 078 294 509

 

Трка бр.1 – „Првачињата трчаат“ 

– Стартен пакет од спонзорот за секое прваче и медал со поминување на целта

– Регистрација на учесници: 150 ден.

Трка бр.2 – „Учениците трчаат“  (7-12 години) 

– Стартен пакет од спонзорот за секое дете + диплома

– Регистрација на учесници: 150 денари

 

 

 

To Top