#БонбонаНаМама

Што е тоа НОВО , што ни подготвува ЧУНГА ЧУНГА

Детето може да се успива повеќе од еден час, а да се разбуди за една секунда додека се отвара ќесе смоки.

Да се биде родител понекогаш значи да се биде суперхерој чие мото е трпение – спасение!  

 

CUNGA LUNGA својата последна маркетинг кампања одлучи да ја посвети токму на младите родители и неверојатните ситуации во кои се нашле заради своите деца.

 

Под хаштагот #БонбонаНаМама, за своите комични искуства ќе пишуваат македонските блогерки и влогерки кои своите профили ги посветуваат на родителството.

Која е најлудата ситуација во која ве ставила вашата #Бонбона?
„Родители раскажуваат слатки маки“!!!

Од маркетинг тимот на брендот Чунга Лунга велат: „Идејата е, најпрво искуства да споделат личности, што се интернет популарни и се надеваме дека тоа ќе охрабри многу мајки, да ни пишат во коментари нивни искуства. Доколку имаме такви коментари, ќе објавиме збирка од најдообрите искуства како статија. Најинтересните  искуства што ќе бидат објавени, ќе бидат и наградени“.

Кампањата ќе трае еден месец, започна средината  на август и ќе трае до  средината на септември.

Чунга Лунга преку оваа кампања отвара  можност, да се изгради  платформа „од родители  за родители“, која  е повеќе од потребна.

 

Млади родители,кои сте постојано со вашите мобилни во раце и го доументирате секој миг од вашето дете, учествувајте во оваа кампања  #БонбонаНаМама

 

Дали имаме кај нас блогерки/влогерки/инста инфлуенсерки ?

Најактивните, а воедно и најдобри веќе не контактираат:

Леа Ризаова е #ТвитерМама

„За неа, наоѓањето информации на интернет е меч со две острици!“

Ана Голејшка Џикова е македонска поетеса, #ТвитерМама,

ни раскажува слатки маки 🙂

 

To Top