ГАСТРО НАСТАН Готвиме со децата

Детскиот Гастрономски хепенинг насловен  како „Готвиме со децата“, за прв пат се одржа на 1ви Јуни, во есклузивниот ресторан Аурум Битола, на иницијатива на твб.мк ,медиумот за деца и тинејџери. Целта на настанот беше на забавен начин да  ги внесе  децата  во светот на кулинарството, да ја стимулира  детската фантазија, совладувајќи нови лесни техники на  креативно подготвување оброк.

За учество на настанот се пријавија голем број деца, но според концептот на организаторот  бројот беше ограничен на 12 тимови (по едно дете во придружба на возрасен).

Децата покажаа голема креативност , но и желба да научат нешто ново од Шефот на Кујна- Данчо Нивички

Данчо  со задоволство сподели со децата неколку лесни техники  за подготвување на брза ужинка и десерт и не ја криеше радоста поради големиот број на деца кои зедоа учество и покажуваат интерес за готвење.

To Top