ДАЛИ ПОПУЛАРНОТО СМУТИ Е ЗДРАВ НАПИТОК

Смути првобитно бил овошен сок со додаток на коцка мраз, а  во 80-те години од претходниот век се додавале и  состојки како: млеко, јогурт и шеќер. Со тек на време се појавува и смути со овошје и зеленчук, кое најчесто се употребува како  замена за оброк или десерт

Доколку сакате да го замените  конзумирањето на овошјето и зеленчукот со пиење наместо јадење, тогаш треба да го знаете и следното

Пиење на блендирани овошје и зеленчук стана популарен тренд за време на диети, здрава исхрана и сл. но колку пати дневно треба да конзумираме смути и зошто?

 

Предности и маани на популарниот напиток Смути

Предности – практичен , лесно пренослив оброк, го хидрира организмот, вкусна ужинка, која надополнета со вистинските состојки, од истото ќе направи „енергетска бомба“. Ако се испијат релативно брзо откако ќе се подготват воопшто не губат  од хранливоста.

Маани – отсуството  на џвакање на храната не дава чувство на ситост (затоа што на мозокот му праќате сигнали дека пиете), овошјето кое се комбинира во едно смути, за да го подобри вкусот, може да направи од смутито „шеќерна бомба“, а за некои луѓе ладната храна е потешка за варење

 

ви откриваме – две супер комбинации на Смути … децата го обожаваат

 

Препораката од нутриционистите е да се биде умерен! Како и во се друго, така и со пиење на смути треба да се биде умерен. Иако има бројни здравствени предности, тие се видливи само ако не се претерува. Затоа, ограничете го бројот на внесување на овој сладок напиток доволно, за да не ја запоставите и другата храна која ќе го снабдува организмот со растителни влакна (растителните влакна се особено важни за добра преработка на храната во организмот).

 

неколку трикови при подготвување на Смути

доколку сакате да го задржите чувството на ситост додека пиете смути, препорака е да се додаде малку авокадо или зрнести плодови, ореви , може  да дополните со вода, а да намалите на овошје, на тој начин се намалува и количината на шеќер.

 

 

To Top