НА ДЕЦАТА ИМ ТРЕБА СПОРТ И МУЗИКА ИСТО КОЛКУ И ХРАНА И ЉУБОВ

 

Децата имаат потреба од спорт, музика и уметност  исто колку што им е потребна храна, љубов и чист воздух, вели  Филип Пулман (Philip Pullman англиски новелист, автор на неколку бестселери):„Ако не им дадете на децата храна, штетата за кратко време ќе биде видлива. Ако  не им подарите љубов, штетата можеби нема да се забележи веднаш, но сепак е трајна.

Но, ако не им овозможите на децата да се запознаат со спорт, култура , уметност, штетата не може веднаш да се забележи исто така, но таа е тука, присутна е.

Вистина е дека многу луѓе растат без уметност, спорт, култура и се перфектно среќни, живеат добро,  во нивните домови нема книги, не се грижат многу за слики, за нив нема смисла  музиката, но сепак тие се добри граѓани, добри соседи, Дури и  во еден  миг да исчезнат сите книги, уметнички дела или музика, тие можеби тоа и не би го забележале….“

Децата ќе бидат здрави, ќе трчаат, скокаат, ќе прават врева, но сепак нешто ќе недостига.

Ниту еден родител не смее да си  дозволи децата да бидат духовно сиромашни и во светот на возрасните да ги втурне без оформен стил, личност, вкус.

Кај децата треба го поттикнеме натпреварувачкиот дух, секојдневно да се натпреваруваат со самите себе, да ги поместуваат сопствените лимити.

Учествувањето на детски трки, особено на Трката на Радоста, која го прославува  почетокот на образование на првачињата, е добар избор за забава и стекнување на искуство и животни вештини.

повеќе фотографии од настанот во Битола и Скопје на ФБ фан страната на TVBВеб канал за деца и тинејџери

 

 

To Top