ЈУТЈУБ Е НЕГОВ НАЧИН НА ЖИВОТ – Бобан Бошевски

Интернетот  ја замени телевизијата како медиум. Поголемиот дел од слободното време младите го поминуваат на Јутјуб гледајќи  интересни видео снимки  поставувани од луѓе на кои најчесто им е тоа само забава.

Јутјуб на младите луѓе  им дава слобода на изразување, можност  во исто време да бидат  видени од многу луѓе, а притоа може и да си заработат.

Најдобриот битолски јутјубер Бобан Бошевски, го има јутјуб канал IB Production со 36 илјади следбеници. Бобан  има 15 години, сака да свири на клавир (добитник е на меѓународни награди) и  зборува  англиски јазик. Своите водителски способности ги покажа во Тв емисијата ВИРТУЕЛЕН  СВЕТ на Продукција Божиловиќ,  во соработка со ТЕРА ТВ од Битола

Бобан  вели дека формула за успех нема, треба да се биде трпелив и вреден. Семејството целосно го поддржува, особено откако виделе дека тоа го исполнува и го прави среќен.

To Top