6 ЗАБЛУДИ ЗА ТРЧАЊЕТО

Трчањето е актуелно, но секој рекреативен тркач сигурно се сретнува со многу заблуди во врска со трчањето, а ние ќе ги споделиме најголемите заблуди по наш избор.

 

Трчањето е здодевно

Кога имате некаква цел пред себе, тогаш неможе да ви биде здодевно. Можеби вашата цел е да ја намалите телесната тежина, можеби само да го поминете времето малку поинаку и т.н.

Трчањето ги уништува колената

Медицинските  истражувања одамна го отфлиле ова верување, всушност со правилно трчање може само да се зајакнат зглобовите, па со самото тоа и колената.

Клуб не ви е потребен, трчајте сами

Секогаш можете да трчате сами, но во клубот имате секогаш поддршка, мотивација, иста цел и најважно имате тренер. Иако на почеток трчањето изгледа како крајно едноставна активност, многу рекреативци учат правилна техника на трчање и одење, но на крај секогаш има со кого да прославите успех.

Трчањето е напорно за  твоите  години

Не постои старосно ограничување за трчање, како што не постои ни за учество на маратон. Најчесто се случува да се забележат одлични резултати на зрели години. Секој лекар би препорачал лесно трчање, како одлична терапија против остеопороза, ослободување од стрес, а пред се активни сте и го поминувате времето во природа. Дали може да биде подобро од тоа?

Исти резултати се постигнуваат и со еден тренинг неделно

Како што не е добро да се трча секој ден , така не е добро да се прескокнуваат тренинзите. За правилен напредок потребно  е да се има континуитет. Три тренинзи неделно е оптимално, затоа што ќе имате доволно време за одмор и подготовки за следниот тренинг. Трчање еднаш неделно е како прошетка во природа , но нема да ги почувствувате  благодетите од редовните тренинзи.

Трчање во ладно време влијае негативно на имунитетот

Уште една голема заблуда која одамна  е отфлена. Трчањето во зима е значително поефикасно и поздраво. Трчајќи на ниски температури, нашето тело произведува повеќе ќелии кои се борат против инфекции, секако пожелно е да се внесуваат и повеќе витамини, за да си помогнеме во тој процес. Спортистите  знаат да кажат – нема лошо време, има само лоша опрема!

To Top