Психолог Жанета Ристевска

Прашања и одговори

1. Начини како да ја развиете самодовербата кај своето дете

Посветете му на детето доволно внимание и време кога сте заедно.Како родители ние мораме да бидеме секогаш тука за своето дете. Да му посветиме внимание. Така на пр. Ако одите на прошетка со детето немојте да ги испуштите моментите заедно. Поминувајте го времето квалитетно: со долги разговори за се што е интересно, во околината забележувајте што го интересира или вие обидете се, птицити, лисјата, небото да им бидат интересни преку некоја приказна.
Избегнувајте   (Пр. да гледате во телефонот, или зборувате со пријател долго, не обрнувајќи му внимание).
Исправувајте ги нежно грешките на детето. Би требало да бидете трпеливи во однесувањето со вашето дете. Ако направи грешка треба да се решава на мирен начин. Имајте трпение, ако сте многу лути или бесни избројте до 10, и назад ако треба за да не кажете или направите нешто погрешно во лутината.
Немојте на детето да му зборувате –(Пр. Во лутина и бес -дека е безобразно, смотано, глупаво) било да е во шега или на саркастичен начин.
Не му говорете ни –како е лукаво, паметно или добро.
Поставете граници и бидете одлучни во одлуките кои ги донесувате и доследно спроведувајте ги.
Поттикнете развивање на неговата самостојност давајќи му обврски. Обврските треба да се прилагодени спрема возраста. Пр. на 5 години би требало да ги сложува своите играчки после игра, на 8 да го фрла ѓубрето, на 9 да ја средува својата соба и.т.н.

За извршување на која обврска на која возраст ќе одлучите вие според можностите на вашето детеНе според тоа како тоа го прави некое друго дете или негово другарче. Без забелешки дека другите тоа го прават и тоа подобро.

 При тоа:
Избегнувајте споредби– Не го споредувајте со браќа, сестри, другари. Никој не е подобар или полош од другиот.
Нагласете го трудот што го вложува, а не постигнатите резултати.
Немојте претерано да му ласкате и бидете конкретни. Пр. Одлично ја среди својата соба, „ навистина си уреден/а“.

2. Обидете се да ги разберете чувствата на детето.

Немојте премногу да го заштитувате детето. Треба да се прави граница од тоа да не биде ни премногу, ни премалку заштитено. Не го контролирајте во секој момент.
Посветете се на секое ваше дете подеднакво. Обрнете внимание на секое од вашите деца и интересирајте се како секое се чувствува.
To Top