ANNIE БРОДВЕЈСКИОТ МЈУЗИКЛ, ЛИЦЕНЦИРАН ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВА И НА ДОМАШНА СЦЕНА

Инспириран од популарниот стрип на Харолд Греј – ,, Малото сираче Ени“, мјузиклот за прв пат бил изведен на сцената на Бродвеј, во 1977 г. е добитник на седум Тони награди (Tony awards) за најдобар мјузикл, а на истата сцена е изведуван преку 2000 пати.

Со сите свои  пријатните и непријатните доживувања  Ени,  на 16.мај премиерно во Драмскиот театар во Скопје.

Приказната за Ени се случува во триесетите години во Њујорк, за време на големата економска криза, позната како Големата Депресија. Уште како бебе, родителите ја оставиле пред портите на сиропиталиштето, со писмо во кое и ветуваат дека еден ден ќе се вратат по неа. Тешкиот живот на сирачињата во домот дополнително им го загрозува строгата воспитувачка г-ѓа Хениген. Но, шармантната и досетлива Ени ќе успее да си најде свој дом во семејството на милионерот Оливер Ворбакс.

Запознајте ги  ликовите  на македонскиот мјузикл Ени Јуниор

Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци Ени Јуниор, е проект на здружението за инклузивно и неформално образование КРЕО-АКСИС од Скопје во чии рамки е формиран хорот Креативо. Секој член на ансамблот има улога во мјузиклот и поминува низ неформална едукација за вокална техника, сценски движења, танци и актерска игра.

Овој проект не е финансиски поддржан од ниту една институција, целосната реализација се заснова на љубовта и посветеноста на педагозите, членовите на здружението и родителите.

Наташа Лалчевска, музички педагог и хорски диргент е музичкиот директор кој стои позади реализацијата на овој проект. Во своето 25 годишно искуство во работа со деца и млади, Наташа има реализирано голем број музички проекти наменети за оваа популација. Веќе подолг период нејзината работа е фокусирана на продуцирање мјузикли за деца и младинци кои се сублимат на три уметнички изразни форми како драма, танц и пеење.

Во интернационалното  училиште QSI – Скопје, кое е главниот поддржувач на овој значаен проект, Наташа е наставничка по музичко образование. Под нејзино водство во училиштето досега се реализирани десетина мјузикли на англиски јазик. Ени Јуниор е првиот мјузикл за деца и младинци на македонски јазик во кој учесниците се на возраст од 6-18 години и се од повеќе основни и средни училишта од Скопје и други градови од државата. Во повеќемесечните подготовки на овој проект активно е вклучена кореографката Биљана Стојановска-Трајковска, која со учесниците работи на танцовите движења автентични за музиката од 30-тите години на минатиот век. Младиот актер Радо Алексовски работи со ансамблот на актерска игра, сценски говор со техника на глас, сценски движења, координација, градење лик и поставување мизансцена. Препевот е на нашата проминентна авторка Весна Малинова Бабамов.

На некои проби  гостуваат  познати пеачи и глумци и со децата ги споделуваат своите искуства.

To Top