ЗА ПРВ ПАТ СЕ ОДРЖА ДЕТСКИ ГАСТРОНОМСКИ НАСТАН – ГОТВИМЕ СО ДЕЦАТА

Детскиот Гастрономски хепенинг насловен  како „Готвиме со децата“, за прв пат се одржа на 1ви Јуни, во есклузивниот ресторан Аурум Битола, на иницијатива на твб.мк ,медиумот за деца и тинејџери. Целта на настанот беше на забавен начин да  ги внесе  децата  во светот на кулинарството, да ја стимулира  детската фантазија, совладувајќи нови лесни техники на  креативно подготвување оброк.

Ако се вели дека храната е лек , а лекот е храна, тогаш треба да ни биде јасно на сите дека е многу важно уште од најрана возраст да им пренесеме на децата здрави животни навики.

ЏЕЈМИ ОЛИВЕР верува дека здравите деца се среќни деца  и дека готвењето е  една од највредните вештини што може да ги научиме  децата, покрај  читањето и пишувањето. Тој преку неговиот проект  ФУД РЕВОЛУШН се обидуваше да ги едуцира децата , да се запознаат со зеленчуците и овошјето…па , вели :„не треба да се изненадите кога ќе слушнете дека некои деца не разликуваат компир од домат, затоа што и никогаш не ги виделе во свежа состојба“.

 

слична содржинаЗОШТО Е важно децата да знаат да готват

 

 

За учество на настанот се пријавија голем број деца, но според концептот на организаторот  бројот беше ограничен на 12 тимови (по едно дете во придружба на возрасен).

Генерален покровител на овој настан беше Млекарница БУЧЕН КОЗЈАК .На задоволство на организаторот и учесниците, поддршката за настанот, дојде од вистинската компанија,  за нив квалитетот е императив. Присутните гости уживаа во дегустацијата, а децата  го препознаа квалитетот на млечните производи: овчо сирење, жолто кравјо сирење, овчо кисело млеко, јогурт и т.н.

Секогаш е добро да се започне додека се  мали и љубопитни, како што е избирање билки, правење салата, мешање и мерење, и давање на децата можност за одлуки што да се направи.

Вистинска атракција беа јајцата од  потполошка од Натурана Трејд Битола, мали  и шарени, за децата беа доволно интересни за да направат оригинални декорации

Децата покажаа голема креативност , но и желба да научат нешто ново од Шефот на Кујна- Данчо Нивички

Данчо не го криеше  задоволство  од големиот број на присутни деца и интересот што го покажаа, за да научат нешто ново.

И на крај, најубаво е да се вкуси тоа сам што ќе си го подготвиш.

БУЧЕН КОЗЈАК им доделија признанија за покажаните вештини

To Top