Камерата снима  многу планирани и неочекувани моменти, но зад камера исто така се случуваат настани, згоди и незгоди,како и дружење  кое останува за цел живот.

Во МАЛАТА ФАРМА , малите  актери секоја слободна минута ја користеа за  дружење со домашните животни

ДОЛГО ТОПОЛО ЛЕТО – снимањето на +32 0Ц, на пладне, не беше многу забавно, за час екипата беше уморна,  снимањата  исцрпувачки, но дружењето беше неповторливо и сите очекуваат продолжение на ТВ серијалот

МАЛИ ВЕСТИ – големи маки, челични нерви на екипата зад камера, додека малите палавковци не „одлучија“ да бидат внимателни и фокусирани во камера. Една емисија од 5 минути  одземаше и по 2,5  часа работа. Нивната љубопитност не можеше да се контролира

МОЈАТА ПРОФЕСИЈА –  работењето на овој  ТВ серијал беше  вистинска забава, запознавање нови лица, нови компании, многу анегдоти од повеќе градови низ државата

МАЛАТА РЕДАКЦИЈА – истото темпо на дружење и забава си го продолживме и во овој серијал. Останаа многу нови контакти и пријателства помеѓу нив и по снимањето. Но, помеѓу работата и дружењето , остана нешто многу важно, искуството стекнато  работејќи  како репортери и тоа со негување на љубопитноста и истражувачкиот дух во нив.

To Top