ЧУНГА ЛУНГА  МАСТИКИ СО ВКУСОТ НА ДЕТСТВОТО

ЧУНГА ЛУНГА  МАСТИКИ СО ВКУСОТ НА ДЕТСТВОТО

Чунга Лунга се успешна приказна со  одличен  продукт дизајн. Овие мастики беа неодделив дел од нашето детство, а  прва асоцијација за нив се натпреварувањето кој ќе направи поголем балон, разменувањето сликички, па и радоста ако во продавница немаат доволно ситно, па како кусур ти враќаат Чунга Лунга.

Приказната за дизајнот започнува со легендарниот Мики Мустер

Чунга Лунга имаат амбалажа која е вистинско мини уметничко дело, создадено од раката на легендарниот словенечки уметник Мики Мустер.  Мустер го нарекуваат словенечкиот Дизни, и се смета за пионер во областа на стриповите и анимацијата на екс-југословенските простори. За своето творештво има добиено бројни признанија, меѓу кои и наградата Прешерн за животни достигнувања, највисоката и најценетата награда во Словенија во полето на уметноста.

Освен што ја има дизајнирано првата амбалажа на Чунга Лунга, Мустер ја има креирано и првата анимација-реклама за мастиките.

 Историјата продолжува со нашиот Тхе Мичо,битолскиот Дизни

Приказната за дизајнот продолжува  од Словенија  во Македонија  во креативните раце на Тхе Мичо, еден од нашите најпознати илустратори. Тој ги редизајнираше карактерите на Чунга Лунга и ги создаде Чунга Лунга тетоважите кои станаа препознатливи кај децата. Внатрешниот дизајнерски тим ja ре-дизајнираше амбалажата на мастиките, давајќи и современ шмек, но запазувајќи го оригиналниот брендинг. Во својот препознатлив стил на илустрација, Тхе Мичо создаде и едукативни стрипови низ кои ги однесе познатите Чунга Лунга карактери во нови авантури.

Од 90-тите Чунга Лунга се целосно Македонски

 Првично се  произведуваат  во Словенија, па потоа делумно и во Македонија, но од почетокот на 90-те години  Чунга Лунга стануваат комплетно македонски производ. Од тогаш до денес се произведуваат во групацијата „Макпромет“ од Штип која постои од далечната 1957 година. А освен со нов дизајн, брендот е подновен и со проширена палета на производи, па сега освен мастики, има и Чунга Лунга кроасани, карамели, лижавчиња, флипсови и бомбони.

Присети се на вкусот на детството и освој електричен скутер!

To Top