Најдобар CSGO играч за 2018 Александр “s1mple” Костиљев

Од Бојан Божиловиќ

Најдобар играч на LAN турнирите во CSGO за 2018 година е s1mple. Младиот Украинец имаше одлична статистика и перформанси минатата година, што највероватно ќе продолжат и во оваа. Освои 5 МВП медали, иако неговиот тим NaVi не успеа да победи на турнирот Dreamhack Masters Marseille, s1mple успеа да ја освои МВП наградата, со тоа стана првиот играч во CSGO кој што зел МВП награда а неговата екипа да не е шампион.

 

На овај турнир NaVi завршија како второ пласирани откако беа поразени од Astralis. Во генералниот пласман NaVi е четврт тим во светот.Како најдобар играч на LAN турнирите оваа година, ќе видиме некои од неговите најдобри моменти во 2018.

To Top