Некои од најдобрите гејминг мауси за 2018

Од Бојан Божиловиќ

Со се повеќе производи на пазарот, во денешно време може да е прилично тешко да се одбери најдобар гејминг mouse.  Сепак покрај сите производи, еден дел се оние најдобрите кои се издвојуваат од останатите. За да биде најдобар гејминг mouse, мора да поседува 3 работи, а тоа се комфорт, перформанс и можност за уредување. Кога станува збор за комфорт, тоа е битен елемент бидејќи маусот мора да е соодветен на дланката.Перформансот е исто така многу важен, бидејќи и најкомфорниот маус не вреди доколку работи лошо, а важно е да има и квалитетен оптички сензор. Кога станува збор за уредувањето, најдобрите гејминг мауси имаат многу опции, како што седодавање на дополнителна тежина или дополнителни копчиња.Во денешната статија ќе опфатиме 3 од најдобрите мауси за 2018 година.

1.Logitech G903

Ова е можеби и најдобриот гејминг маус,но негативна страна е тоа што е доста скап.Маусот е бежичен но лесно можи да се користи и во (wired mode) така што ќе се поврзи со микро USB кабел.Маусот го користи оптичкиот сензор на Logitech, PMW-3366, кој работи одлично и на ниски и на високи CPI подесувања.Има 11 копчиња, а копчињата за палецот можат да се преместат од една на друга страна.Тежок е 110 грама.Ова е, како што рековме, еден од поскапите мауси, со цена од над 100 евра.Цените се различни во зависност од државата, на пример во Шпанија изнесува 116 евра, а во Италија 165 евра.Маусот е екстремно прецизен и со одличен сензор.

2.RazerDeathadder Elite

Овај маус има одлична форма за најразличен “грип” или големина на дланка.Маусот има 6 копчиња и е тежок 105 грама.Има одличен оптички сензор кој работи добро и на тврд “pad” и на “cloth pad”.Од веб сајтот “PC Gamer” кои направија тестирање на маусот, го препорачуваат за повеќето игри.

3.Steelseries Sensei 310

Ова е апдејтираната верзија на стариот Sensei, така да речиси се е ново освен “ambidextrous” формата (дизајн прилагоден и за десничари и за левичари).Со новата пластика, новиот модел има подобар “грип”.Исто така Steelseries користат нивна верзија на еден од најдобрите гејминг сензори.Овај маус има 8 копчиња, а тежи 92 грама. Негативна страна му е тоа што можи да е многу лесен или мал за луѓе со голема дланка.

To Top