Дали ќе ја видиме Red Dead Redemption 2 на PC?

Од Бојан Божиловиќ

По издавањето на играта на 26 Октомври минатата година за платформите Xbox One и PS4, од Rockstar сеуште нема никаква најава дека RDR2 ќе ја видиме и на PC.

Доколку се погледнат предходните игри издадени од Rockstar може да се види дека по издавањето за Xbox и PS поминувал одреден период додека играта да дојде и на PC.

Кога во 2008ма излезе GTA 4 требаше да поминат 7 месеци од нејзиното издавање за играта да се појави и на PC. Слично беше и со La Noire која излезе за PC дури 6 месеци од нејзиното прво излегување. GTA 5, игра која веќе достигна продажба од 95 милиони копии, додека бројот на продадени копии преку Steam е 12,604,123 и тоа не вклучувајќи ги физичките продажби и купувањето од трета рака, притоа и најдобро отценета игра за PS4, исто така требаше да помине одреден период за да се појави на PC ( 17 месеци од првичното објавување за Xbox 360 и PS3) и 3 месеци по излегувањето за PS4 и Xbox One.

Само со Max Payne 3 беше поразлично бидејќи од првичното издавање, на PC се појави по 2 недели. Но сепак и покрај ова, ако се види дека од издавањето на RDR2 веќе поминаа речиси 5 месеци, а сеуште нема никаква најава дека играта ќе излези и за PC, можеби овој пат чекањето ќе биде подолго.

Сепак, одлуката за тоа дали RDR2 ќе ја видиме на PC или не, можеби е донесена,ако споредуваме со GTA 5 за која во 2015 од Rockstar North за магазинот PC Gamer кажаа дека уште од првиот ден знаеле дека GTA 5 ќе ја издадат и за PC, така што можеби и за RDR2 е веќе одлучено.

Кога ќе се видат бројките на продажба на GTA 5 која стана трета најпродавана видео игра на сите времиња, а потоа и продажбата на RDR2 од нејзиното издавање за платформите Xbox One и PS4 и интересот од фановите нема причина зошто RDR2 не би ја виделе и на PC!

слични содржини – Red Dead Redemption 2 

 

To Top