Турнир од ЕSL One серијата започнува во Келн

Од Бојан Божиловиќ

Почнувајќи од утре па се до 7ми Јули во Ланксес-Арена во Келн ќе се одржува турнир во CS:GО, дел од ESL One серијата.На турнирот ќе учевствуваат 16 екипи, поделени во 2 групи.Групите се поставени според ранкингот на екипите, а од секоја група првите 3 тима продолжуваат во плејоф, така што лидерите од секоја група одат директно во полуфинале, додека второ и трето пласираните ќе играат во чевртфинале.Двете моментално најдобри екипи во светот, Astralis и Team Liquid, се наоѓаат во различни групи па така Team Liquid во првото коло ќе се судри со корејскиот тим MVP PK, во групата А, додека Astralis во првото коло ќе игра со BIG, кои бележат пад од 8 места и моментално се наоѓаат на 21та позиција на светскиот ранкинг.Доколку ги добијат сите натпревари, Аstralis и Теam Liquid ќе се сретнат во финалето.Секако не треба да се отпишуваат и другите екипи, бидејќи на последниот турнир од ESL One кој се одржа минатата година во Њу Јорк, славеше тимот на mousesports кој во финалниот натпревар ги совлада токму Team Liquid.Ова ќе биде важен турнир и за двете најдобро пласирани тима, а особено за Team Liquid, кој со победа би дошле до освојување на Intel Grand Slam наградата.

To Top