Наскоро Call of Duty: Modern Warfare

Од Бојан Божиловиќ

Веќе некое време се шпекулира за нова игра во серијата Modern Warfare,но се повеќе изгледа дека овие шпекулации заслужуваат внимание и дека се точни.

 

 

 

 

 

 

Игрите од серијата Modern Warfare се едни од најдобрите и најпродавани игри на Call of Duty и долго се очекуваше нова игра од оваа серија.Со карактерите како Captain Price,Soаp и останатите и приказната во сите три игри,а покрај тоа и добриот multiplayer сегмент,особено во Call of Duty 4: Modern Warfare, очекувано е игрите од оваа серија да бидат така добро прифатени од играчите.Според веб сајтот GamesRadar+, Call of Duty 4: Modern Warfare е најдобрата игра од франшизата Call of Duty.Oд друга страна нивна најпродавана игра е Call of Duty: Modern Warfare 3 со над 30 милиони примероци продадени од нејзиното излегување во 2011, со што е воедно и последната игра од оваа серија.

Според најновите шпекулации, кои привлекуваат големо внимание, оваа година може да се очекува новата игра која би требало да биде со наслов Call of Duty: Modern Warfare.Прво околу ова информираше преку Твитер, Јутјуберот LongSensation, а потоа и веб сајтот Kotaku извести дека од неколку извори дознале дека оваа информација е точна, односно дека новата игра ќе биде со наслов Call of Duty: Modern Warfare.Покрај тоа од веб сајтот Kotaku велат дека околу една или две недели Activision им ја покажувале играта на медиуми и стримери.Според Kotaku оваа игра ќе биде reboot, односно ре-креација на првата игра од серијата и тоа со поголемо значење дадено на емотивно големи и непријатни моменти како мисијата “No Russian” во Modern Warfare 2.

Сепак ова е се на ниво на шпекулации, бидејќи не е сеуште ништо потврдено од Activision.Но сигурно е дека сите играчи на Call of Duty би сакале да видат нова игра во серијата Modern Warfare, па останува Activision да ги оправда очекувањата.

To Top