5 работи кои сакаме да ги има во GTA 6

Од Бојан Божиловиќ

Последниот дел од GTA излезе во 2013, а со излегувањето на Red Dead Redemption 2 минатата година, односно пред неколку месеци, малце е вероватно дека GTA 6 ќе биде издадена во следните 2 години.Но додека чекаме играта да биде издадена ова се некои работи кои би сакале играта да ги има.

Повеќе карактери

Ова е нешто што GTA 5 го има, и до објавувањето на играта ова беше невидено во игрите од ваков карактер што беше и многу добро прифатено,па така би било добро во новиот дел да има исто така три па можеби и повеќе карактери со кои ќе може да се игра.

Објектите и нивната внатрешност

Во сите GTA делови една од главните работи е купување на куќи, но не е нешто многу понудено освен зачувување на играта,паркирање возила во гаражата или менување на алишта така да нема многу отворени можности кога сте внатре во куќата, ова беше малце проширено во GTA 5 но сепак е малку.Исто така познато за сите GTA делови до сега е тоа дека многу од објектите низ градот се затворени и неможе да се влезе, а и кога ќе се влезе внатре нема многу опции.Би било добро во новиот дел повеќе објекти да се достапни.

Борба без огнено оружје

Еден од главните делови на GTA е токму оружјето, но кога станува збор за борба со ладно оружје или без оружје, главниот карактер има многу мали способности односно неможе да зададе повеќе различни удари.За разлика од GTA во други игри како на пример “Јакуза” главниот карактер може да изведи многу удари и борбата без оружје е многу подинамична.Тоа е една работа која треба да ја има во новата игра, главниот карактер да има многу повеќе способности во овој дел.

Статистика

Оние кои што играле GTA San Andreas знаат дека таму имаше статистика речиси за се, од тоа, колку карактерот е мускулест или дебел до тоа колку брзо може да трча или плива и прогресот на статистиките беше контролиран од играчот.Во GTA 4 овај дел беше исклучен а во GTA 5 го имаше во многу мала форма, така да можеби новата GTA ќе има многу повеќе статистики и за повеќе способности, како на пример, за возење авион или за борба.

Side Missions

Сите GTA игри досега имаат голем број на мисии,а и по завршувањето на мисиите може да се игра “слободно” односно да се прават најразлични активности низ мапата.Но би било добро да има повеќе side mission односно мисии настрана од регуларниот дел на играта.Во GTA 5 има интересни side missions, но од Rockstar треба да поработат во новата игра да има повеќе и подинамични вакви мисии, да не се само стандардните како трки со автомобили и сл.

Тоа беа петте работи кои ги очекуваме или кои би било добро да ги има во GTA 6, се разбира дека има и други работи кои можат да се додадат на оваа листа но за оваа статија ги издвоивме овие.По GTA 5 и Red Dead Redemption 2 фановите сигурно имаат големи очекувања за GTA 6 па да се надеваме дека играта ќе ги оправда очекувањата.

 

 

To Top