Leonardo da Vinci

Од Бојан Божиловиќ

Леонардо ди сер Пиеро да Винчи или популарно познат како Леонардо да Винчи бил полихистор(човек со познавање од повеќе науки), со познавањe од архитектура, сликарство, наукa,  музика, математика, инжинерство, литература, ботаника, геологија, астрономија, пишување, пронаоѓање, историја, вајарство и картографија.Тој се смета и за еден од најголемите сликари на сите времиња.Леонардо да Винчи ги развил идеите за авион,хеликоптер,подморница па дури и автомобил и направил голем напредок во анатомијата,градежништвото и оптиката.

Леонардо ди сер Пиеро да Винчи е роден на 15 Април 1452 година во градчето Винчи во тогашната Република Фиренцна (денешна Тоскана).За неговото детство е малку познато, се знае дека бил син на богат нотар и селанка.На 5 годишна возраст се преселил на имотот на неговиот татко, во близина на градчето Винчи, каде што живеел со неговиот вујко и неговите баба и дедо.Леонардо да Винчи имал кратко формално образование, покрај читање, пишување и математика, а неговиот уметнички талент бил евидентен уште на рана возраст.Околу 14 годишна возраст тој станал чирак кај познатата артистка од тоа време Андреа дел Верокио, во Фиренца. Работејќи кај неа тој се здобил со многу вештини како што се, обработка на метал, уметност со кожа, столарија, цртање, сликање и вајарство. Неговото прво дело за кое е познато е направено само со мастило и е скицирано во 1473, а се работи за пејсаж на долината Арно. На 20 годишна возраст Леонардо да Винчи влегол во тогашната асоцијацијата на сликари и други артисти, во Фиренца и основал своја работилница.

Леонардо да Винчи верувал дека видот е најважниот осет на човекот, а очите најважен орган.Toj ја истакнал важноста на saper vedere односно “да знаеш како да гледаш”.Верувал во добивање на директно знаење и факти преку обзервација. “Добар сликар има 2 главни работи да наслика – човек и намерата на неговата душа”, рекол да Винчи.Тој почнал сериозно да ја изучува анатомијата и неговите цртежи околу коските и мускулните структури се меѓу првите запишани.Покрај тоа,ги изучувал и ботаниката,геологијата,зоологијата,хидрауликата,аеронаутиката и физиката.Неговите набљудувања ги запишувал на лист од хартија кои ги чувал на појасот и потоа ги ставал во тетратки и ги подредувал во 4 главни теми и тоа, сликарство, архитектура, механика и човечка анатомија.Има исполнето голем број на тетратки со нацртани илустрации и научни наблљудувања.Неговите идеи во главно се теоретски објаснувања. Некои од неговите најпознати дела се, “Дама со хермелин”,”Тајна вечера”,”Мона Лиза”,”Мадона со каранфил”.

Леонардо да Винчи и познатиот артист и вајар Микеланџело според историските записи биле ривали и се критикувале еден со друг за нивните методи.

Во 1994 една тетратка на Леонардо да Винчи со име “The Codex Hammer” била ставена на аукција.Книгата содржи записи од 1506 до 1510 за време кога Леонардо бил и во Фиренца и во Милано и содржи записи за многу работи како што се, уметност, зошто небото изгледа сино, идеите за создавање подморница. На аукцијата книгата ја зел основачот на Microsoft Бил Гејтс за 30.8 милиони долари.

Делото “Mона Лиза” не било завшено. Леонардо не се брзал да заврши индивидуални проекти, па така многу дела биле напуштени или недовршени, вклучувајќи го и ова дело кое е едно од неговите најпознати.

Делото на кое работел најдолго било уништено.Војводата од Миланo му побарал на Леонардо да направи скулптура од речиси 5 метри, со таткото на војводата како седи на коњ.Леонардо работел на ова дело скоро 12 години, но пред да биде завршено француските сили го нападнале Миланo, пукале во скулптурата и ја разнесле на парчиња.

Леонардо да Винчи починал во замокот Клос Лусе во 1519.

Philanthropist Bill Gates participates in a talk with former President Bill Clinton about debt at the 2013 Fiscal Summit in Washington, Tuesday, May 7, 2013. (AP Photo/Charles Dharapak)

To Top