„ЗБУНЕТА ГЕНЕРАЦИЈА“ ТЕАТАРСКИ ПЕРФОРМАНС НА ДРАМСКОТО СТУДИО АРТ И МЕДИА

ДРАМСКОТО СТУДИО АРТ И МЕДИА Со ТЕАТАРСКИ ПЕРФОРМАНС „ЗБУНЕТА ГЕНЕРАЦИЈА“ ГОДИШНО  ПРЕТСТАВУВАЊЕ

 

Трета година   големата група деца во Драмско Студио АРТ и Медиа, стекнуваат вештини за сценска и медиумска работа. Учат по мултиталент програма. Овогодинешното  претставување на својата работа, одлучија да го направат на 21 февруар,  Денот на мајчиниот јазик.

Во присуство на голем број  гости, ученици, родители, наставници и градоначалничката на Битола, се претставија  со театарскиот  перформанс „Збунета генерација“. Во реализацијата, подготовка на сценографијата и дополнителните содржини  со кои се обележа светскиот ден на мајчиниот јазик , се вклучија  наставниците по македонски јазик, како и наставничката по ликовно воспитување.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици, Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.

Полна сала, задоволна публика, задоволни и возбудени младите актери, особено нивната едукаторка Елена Наумовски, која ја  направи  и адаптацијата на текстот.

Елена Наумовски не ја крие радоста што работи со навистина талентирани деца, кои пред нејзините очи  гледа како растат во  одговорни, трудољубиви млади луѓе, со голем жар за работа. Едно „Големо Браво“ за талентираните млади луѓе: Марко Крстевски, Илона Шундовска, Константин Грујевски, Симона Жирова, Марија Тиловска, Емилија Крстевска, Ивана Атанасовска, Ива Димковска, Лина Симјанова, Марија Нешевска

Текстот за театарскиот перформанс  е преработка од детскиот роман на српската писателка Јасминка Петровиќ,„ Најстрашниот  ден во мојот живот“

Името на перформансот „Збунета генерација“,  не е случајно поставен, денес имаме збунети генерации на родители, деца, родителите  сакаат децата да им бидат примерни, да имаа одлични оценки, да постигнуваат одлични резултати секаде, а тие самите им се лош пример. Текстот содржи комични реплики, кои треба да малку да не  поттикнат да размислиме што правиме со самите  нас, со воспитувањето на децата и т.н. Реакциите и позитивните коментари од публиката се поттик за понатамошна работа.

Арс Ламина и детските списанија  ЛИБИ , ја препознаваат оригиналноста и важноста од работата на Драмското Студио АРТ и Медиа, затоа со задоволство ја прифатија поканата да бидат дел од изведбата на театарскиот перформанс

Арс Ламина и ЛИБИ  ви благодариме за поддршката!

 

 

 

 

 

 

To Top