КАКВА ИДНИНА МУ ПРЕТСТОИ НА ВИДЕО ИГРИТЕ

Од Google објавија  каква е нивната визија за иднината на игрите, на тоа реагираа и Мајкрософт и демонстрираа како тие  ја замислуваат иднината на идниот пазар за видео игри

Од Google оваа недела на официјалниот профил на Твитер објавија  видео-тизер пред почетокот на конференцијата Gamers Developers, на која планираат да  ја презентираат својата визија за иднината на игрите. Деталите, се разбира, не се објавуваат, но оној  кој ја следи ситуацијата на овој пазар, во последно време е јасно за што станува збор. Од Google очекуваме стриминг сервис за видео игри – наместо играње на скапи конзоли и компјутери, игрите ќе можеме да ги стримаме и да уживаме играјќи на разни уреди.

Како на пример и  Netflix, ќе треба да се плаќа месечна претплата, а корисниците ќе можат да ги имаат сите игри од тој сервис, затоа нема да мора да купуваат поединечно скапи игри.

Слични сервиси се подготвуваат и  кај конкурентни компании како Амазон и Мајкрософт, а токму Мајкрософт одлучија да направат чекор пред Гугл, така  што   шефот  на одделот за игри  го демонстрираше доаѓањето на  сервисот Project xCloud.

Сервисот беше најавен уште во текот на минатата година, а сега во текот на манифестацијата Inside Xbox, одржаa кратка демонстрација – водителката заигра Forzа 4 на телефонот  поддржан од Android ( користеше  џојстик од Xbox-поврзан телефонот со Bluetooth), а самата игра е стримана преку  Мајкрософт дата центарот, а не преку хардверот на самиот телефон

Таква ќе биде  иднината на игрите, целиот терет на процесуирање  ќе се одвива  во облакот и ќе се стрима  на уред како телефон, посебни и ефтини конзоли или директно на телефон. Ќе мо да уживате  во играта  на сличен начин  на кој денес работи и Нетфликс, може да пристапите од било каде само ви треба интернет.

Што се однесува до “Мајкрософт” и нивните стриминг услуги, велат  дека нивната цел не е да направат замена на играчките конзоли, туку на корисниците сакаат да донесат поголем избор и нови начини на кои можат да играат игри за Xbox. Тестирањето на xClouda може да се очекува во текот на оваа година, додека од  следната недела ќе откриеме како  Google’s гледа на иднината на гејмингот.

To Top