СУПЕР ЛЕСНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ДЕКОРАЦИИ, МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВААТ И ДЕЦАТА

Боењето на Велигденски јајца е традиција исто како и украсувањето на божиќната елка, затоа вклучете ги и децата , за да биде предпразничната радост уште поголема

Поминаа тие денови кога единствена опција беше да се купи кесичка со боја и најчесто се избираше црвена. Како никогаш до сега има можности за декорирање, без разлика дали сте почетник или не, ако ја пуштите креативноста и со помош на детските рачиња,  ќе добиете единствена корпа, полна со оригинални јајца .

Совет :  пред да се започне со обојување, премачкајте ги со киселина, на тој начин секоја боја рамномерно ќе се нанесе, овој чекор е од клучно значење!

 

Да биде позабавно, експериментирајте и со големината на јајцата, на пример :

Јајца од гуска и ној – поради нивната големина се атрактивни,имаат мазна и бела  лушпа, но имаат една маана  – потешко може да се дојде до нив.


Јајца од потполошка, кога природата ќе  замеша прсти, добиваме вистински ремек дела. Тие се шарени и подготвени за на велигденска трпеза. За децата се исто така интересни поради нивните минијатурни димензии. Кај овие јајца нема никаква маана ,може да се купат во маркет  и ако се одлучите да ги додадете во велигденската декорација, добивате 2 во 1 и тоа: природно се обоени и  лесно се вклопуваат во секоја велигденска декорација , а по „традиционалното кршење со јајца“, децата ќе изедат хранлив производ , кој се вбројува меѓу 10те супер прехранбени производи со   високопротеинска и биолошка вредност богата со минерали, витамини и аминокселини .Благодарение на домашниот производител НАТУРАНА Трејд  Битола, ги имаме секогаш свежи и квалитетни.

 

Низ фотографии, неколку идеи за боење и декорирање, во кој што децата со радост ќе се приклучат:

Златни јајца – зошто оваа година не би ги направиле со златна боја,половината потопете ги во златна боја, а на другата половина, оставете ги децата да  нацртаат мотив, а може и да се изненадите од вашиот мал Пикасо.

 

 Украсни траки – всушност и не мора да ги боите јајцата, употребувајте самолеплива трака, оваа техника на децата им е позната, па лесно ќе се вклопат во задачата.

 

Ботанички велигденски јајца– најубави јајца за оваа техника се јајцата од потполошка (препелица). Со нивната природна шара на лушпата , само додате цветчиња,  ливчиња, гранчиња, други билки  кои ви се на дофат од природата, децата со радост ќе ги наоѓаат  и на крај  ќе ја имате најубавата, единствена велигденска декорација.

 

Омбре велигденски јајца – ова техника ќе ви биде подеднакво интересна и вас и на децата. Подгответе ги омилените бои според бојата која преовладува на вашата трпезариска маса, лесно ќе ги направите , а ефектот ќе биде голем. Децата ќе ги употребуваат своите мобилни да го мерат времето помеѓу секое дополнување вода во чашата со боја. Начинот на боење погледнете го од видеото.

 

To Top