Team Liquid го освои турнирот во Келн

Од Бојан Божиловиќ

Турнирот кој се одржуваше минатата недела во Келн,дел од ESL One серијата,заврши вчера со победа на Team Liquid во големото финале против Team Vitality.Финалниот меч кој се играше на 3 добиени мапи, започна со водство на Liquid по првата мапа,Overpass,која ја добија убедливо со 16-6. Vitality успеа да се врати во мечот и да го израмни резултатот на 1-1 после Dust II, каде што беа подобри со резултат 17-19.После ова на ред дојде и третата мапа, Inferno,на која Liquid одново беа подобри и дојдоа до предност од 2-1.Во четвртата мапа,под водство на nitr0,Liquid стигнаа до убедлива победа со резултат 16-8 и со тоа станаа шампиони на турнирот во Келн,а бидејќи ова им беше четврти освоен S-Tier турнир оваа сезона, ја освоија Intel Grand Slam наградата вредна 1.000.000 долари.Наградата MVP ја понесе најдобриот играч на Vitality, Maтју “ZywOo” Ербо, кој имаше извонредни моменти на овој турнир.Тимот на Astralis, кој сеуште се наоѓа на втората позиција на светскиот ранкинг, беше елиминиран во полуфиналето од Team Vitality со вкупен резултат 2-1 и го заврши турнирот на 3та позиција.Вреди уште да се спомни и четвртo пласираниот тим, а тоа се Na’ Vi кои исто така одиграа добар турнир но сепак во полуфиналниот натпревар беа поразени со 2-0 од Team Liquid.Се на се, видовме еден одличен турнир, супер дуели,импресивни индивидуални потези и многу акција.Но ова не е крајот на турнири за оваа година, имено на календарот не очеуваат уште неколку S-Tier турнири и еден Мajor.Следниот турнир е Intel Extreme Masters XIV кој ќе се одржи во Чикаго од 18ти до 21 Јули на кој ќе учевствуваат 8 тима.Турнирот од категоријата Major ќе се одржи во Берлин од 23ти Август до 8ми Септември.Кога станува збор за ESl One серијата, до крајот на оваа година ќе видиме уште еден турнир од оваа серија а тоа е ESl One: New York 2019.

To Top