Александар Иванов освои брозен медал на Олимпијада по физика во Русија

Македонски ученик освои бронзен медал на Втората европска олимпијада по физика што од 28 мај до 1 јуни се одржа на Московскиот институт за физика и технологија во Долгопрудниј.

– Ученикот Александар Иванов досега има учествувано на две Меѓународни олимпијади по физика и две европски, освојувајќи една пофалница и еден бронзен медал на Меѓународните олимпијади по физика во 2016 и 2017 година, и со освојувањето на последниов медал во Русија станува најтрофејниот олимпиец од Македонија од областа на физиката досега, информира Друштвото на физичари на Македонија.

На Олимпијадата во Русија учествуваа претставници од 23 земји со вкупно 115 ученици.

To Top