Анимирана сказна за најмалите: Биби и животните

Детски македонски анимиран цртан филм кој ќе ги забавува и едуцира најмалите – Сказните на Биби. Погледнете ја првата сказна на Биби ,,Биби и животните’’.

Биби многу ги сака животните и е нивна заштитничка. Сака да игра со нив, се грижи за нив во блиската шумичка до нејзиниот дом. Природата има свои правила кои сите треба да ги почитуваат. Биби ќе ги учи децата како да се однесуваат кога се надвор, меѓу дрвјата, цвеќињата, животните.

Сценариото на приказната е на Билјана Црвенковска, режисер е Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо.

To Top