АРИАНА ГРАНДЕ ГИ ПОТСЕТУВА СВОИТЕ ФАНОВИ ДА ВНИМАВААТ НА СЕБЕ

Ариана Гранде никогаш не се срами да каже дека внимава на себе и ги советува своите фанови да го практикуваат исто тоа

На видеотo  од нејзиното  Инстаграм story ги советува фановите   грижата за сопственото  здравје да им биде на прво место. Пејачката и  автор во исто време, вели дека сите  ние имаме  „многу важни работи“ за кои се грижиме  беспотребно… Ги прекорува, да се сакаат  себеси и да го прават  тоа што ги прави среќни, тогаш ќе ве сакаат и другите околу вас и никогаш нема да се чувствувате сами и осамени

Веднаш по објавувањето на нејзиното стори, фановите го споделуваа видеото   и коментираа, дека можеби не е свесна колку им помага, нивните животи да бидат подобри.

Позитивните коментари доаѓаат и од психолози кои  нагласуваат дека е многу важно за младите да имаат идоли од кои можат да превземаат  позитивни искуства. Таа навистина влијае позитивно на нејзините фанови, затоа што ги советува да дадат  приоритет на  на менталното и физичкото здравје и понекогаш  да  прават  одмор од следењето  на сите настани од социјалниот живот

Ариана со личен пример  им зборуваше на нејзините обожаватели за самопочит. Во мај 2018 година, Ариана се  справувала  со анксиозноста и одејќи на терапија, објаснува: “Почувствував потреба да се потпрам на моите чувства, бидејќи трошев повеќе време за другите околу мене…” Кога почнав да се грижам за себе повеќе, тогаш дојдов до потребната  рамнотежа, слобода и радост, таа нејзина состојба се забележува и во музиката. ”

извор : www.teenvogue.com

To Top