Биби со своја апликација – „Светот на Биби“

„Светот на Биби“ е колекција од едукативни и забавни игри со ликот на Биби и е наменета за деца на возраст од 2 до 8 години. Во развојот на оваа апликација го запазуваме и социјалниот момент и го ограничуваме времето достапно за игра во текот на денот. По истекот на времето апликацијата се заклучува и станува достапна за користење наредниот ден. Токму Биби им се обраќа на децата и им кажува дека е време за дружење со другарчињата, семејството.

To Top