Бил Гејтс: 11 работи што нема да ве научат на училиште, а треба да ги знаете

Учиме од најдобрите! Да, добро звучи, но дали советите од најуспешните можеме да ги прочитаме во училишните учебници? Одговорот е секако -не. Но, затоа можеме да ги прочитаме на овој веб портал. Сакате да бидете успешни? Еве што Бил Гејтс ве советува:

  1. Животот не е фер, навикнете се на тоа.
  2. Светот не се грижи за вашата самодоверба. Светот прифаќа ако направите нешто пред да почнете да се чувствувате добро во вашата кожа.
  3. Вие нема да заработувате 60.000 долари годишно кога ќе излезете од средно училиште. Вие нема да бидете потпретседател со официјален телефон додека не заработувате многу.
  4. Ако мислите дека вашиот наставник е строг, почекајте додека не добиете шеф.
  5. Подготвувањето на хамбургери не е под ваша чест. Вашите предци имале друг збор за подготвувањето на хамбургери – тие тоа го нарекувале прилика.
  6. Ако направиш грешка, твоите родители не се криви за тоа , не плачи над своите грешки туку  учи од нив.
  7. Пред вашето раѓање, вашите родители не беа толку досадни како што се сега. Тие станаа така затоа што ги плаќаат вашите сметките, поради чистењето на вашата облека и слушањето на тоа како велите дека сте кул. Затоа, пред да ги спасите шумите од паразитите, обидете се да го суредите ормарот во вашата соба.
  8. Вашето училиште има начин да се справи со победниците и губитниците, но живот нема. Во некои училишта ги укинаа негативните отценки и им даваат безброј можности да го дадат вистинскиот одговор, но тоа нема сличност со  вистинскиот живот.
  9. Животот не е поделен на семестри. Нема слободно лето и вработените во образованието не се заинтересирани да ви помогнат да се најдете себе си. Тоа прави го во слободно време.
  10. Телевизијата не е вистински живот. Во реалниот живот, луѓето мора да го напуштат кафето и да одат на работа.
  11. Бидете љубезни со бубалиците. Има големи шанси дека еден ден ќе работите за еден од нив.

Да би бил човек  успешен потребно е големa работа на себе. Во школото не учиме како да се подготвиме за реалениот свет во кој владее конкуренцијата, предизвиците, неуспесите, зависта итн. Но затоа тука можете да прочитате совети кои нема да ги најдете низ вашите учебници, и да се подготвите за реалниот живот.

To Top