Браќата Рајт

Од Бојан Божиловиќ

Браќата Рајт, Орвил Рајт (19 Август 1871 – 30 Јануари 1948) и Вилбур Рајт (16 Април 1867 – 30 Мај 1912) се конструктори и пилоти на првиот успешен авион. Тие го направиле првиот официјален, контролиран лет со воздухоплов потежок од воздухот, кој се движел со мотор.

Браќата Рајт биле две од седумте деца на Милтон Рајт,кој бил од англиско и холандско потекло и Сузан Катерин Коернер кој била од германско и швајцарско потекло.Таткото на децата кој бил бискуп, често патувал и во една прилика на своите двајца помлади синови им донел играчка хеликоптер,која била базирана на пронајдокот на францускиот пионер на авијацијата Алфонс Пено.Децата си играле со играчката се додека не се скршила, а потоа си направиле сами иста таква.Во подоцните години, тие изјавиле дека нивното искуство со играчката им го пробудило интересот за летање.И Орвил и Вилбур оделе во средно училиште но не добиле дипломи.Интересен факт е тоа што и двајцата никогаш не се ожениле.Преселувањето на нивната фамилија од Ричмонд, Индиана во Дејтон, Охајо,го спречило Вилбур да ја добие својата диплома по завршени 4 години средно образование.Орвил го напуштил средното образование за да почне свој бизнис со печатница во 1889, Вилбур се придружил во печатницата и во Март браќата го издаваат неделниот весник West Side News.Во Април наредната година го направиле весникот дневен, со наслов Тhe Evening Item но ова траело само 4 месеци.Во време на “bike boom” во САД, кога имало голем интерес за велосипеди, браќата во Декември 1892 отвараат дуќан за продажба и поправка на велосипеди,а во 1894 почнале да произведуваат нивни сопствен бренд.Ова го користеле за да го финансираат својот интерес за летање.Во почетокот или средината на 1890тите,виделе весник или магазин, највероватно со слики, за подвизите на Ото Лилиентал (германски пионер на авијацијата кој се смета за татко на современата аеронаутика) во Германија.Во 1896 се случуваат три важни настани во полето на аеронаутиката.Во Мај Самјуел Ленглиј успева да лета безпилотно летало на пареа,во средината на годината Октав Шенут тестирал неколку видови на едрилици на брегот на езерото Мишиген,во Август Ото Лилиентал загинал во несреќа со едрилица по ненадејна промена на ветрот.Сите овие настани, а особено последниот имале големо влијание врз браќата Рајт, кои подоцна ќе изјават дека смртта на Лилиентал бил клучен момент кога нивниот сериозен интерес за истражување почнал.Во Мај 1899 Вилбур испратил писмо до Смитсонискиот институт барајќи информации и публикации во полето на аеронаутиката.Со дела на Џорџ Кејлеј,Шанут,Лилиентал,Леонардо да Винчи и Ленглиј, таа година тие почнуваат со механички експерименти во полето на аеронаутиката.Браќата Рајт ги срушиле сите рекорди.Во Декември 1903 го создале авионот двокрилец “Флаер” кој се води како првиот регистриран авион во историјата.Го склопиле на плажа во Северна Каролина,тој бил управуван така што пилотот лежел на долното крило и со јажиња го управувал авионот.Тркала на авионот немало,биле користени скии при полетувањето.Покрај еден неуспешен обид на 14 Декември кој завршил со мали оштетувања на авионот, историскиот лет е направен на 17 Декември 1903 во 10:35 при силен ветер и тмурно време.Летот бил долг 37 метри траел 12 секунди,истиот ден биле направени уште 3 лета од кои најдолгиот 260 метри и 59 секунди.После пвриот лет, браќата се откажале од лежечкиот положај на управување и вградиле седиште покрај моторот.На 20 Јуни 1905 Орвил прави уште еден рекорд односно го прави првиот кружен лет во историјата, слетувајќи на местото каде што полетал,а на 1 Декември Вилбур прави уште еден рекорд односно лета со патници.Покрај сите нивни достигнувања америчките новинари ги нарекувале “лажни браќа”.На 21 Јули 1908 Вилбур ги прекинува овие пишувања откако летал 1 час, 31 минута и 25 секунди,правејќи “осумки” над главите на вчудовидените гледачи.За да се одтргнат сите сомневања, на 31 Декември 1908 помеѓу крилата на авионот вградиле барограф.После слетувањето резултатите биле дека летот траел 2 часа,43 минути и 24 секунди,максималната висина била 115 метри,а прелетаниот пат 124,7 километри.Во 1909 Вилбур Рајт отвора пилотска школа во Јужна Франција каде што доаѓале ученици од сите краеви на Европа,додека високото тешничко училиште во Минхен му дало титула на почесни доктори на браќата Рајт.

To Top