ВЕЖБАЈТЕ, ПИШУВАЈТЕ И БРИШЕТЕ СО ВОЛШЕБНОТО ФЛОМАСТЕРЧЕ

НАУЧЕТЕ ГИ БРОЕВИТЕ,
Просветно дело ви нуди голем избор математички наслови –
вежбанки наменети за деца од различна возраст. Ние направивме
избор од неколку наслови во кои се понудени броевите до 10, до
20, а некаде, до 100. Овие вежбанки содржат: пишување и
графичка структура на броевите, задачи за нивно увежбување,
можност доколку се згреши, да се избрише со „волшебно
фломастерче“, боење, дополнување, пребројување итн., а се во
функција на изучување на броевите.
Децата најмногу сакаат да откриваат и да учат преку слики и
цртежи, а овие наслови се збогатени со најразлични илустрации.
Некаде илустрациите се во преден план и се толку впечатливи и
привлечни што детето го мамат на решавање, а некаде се поситни
и се во втор план. Но сите имаат задача да асоцираат на броевите,
да понудат можност за пребројување – за да се открие бројот, да се
поврзе и да се добие точниот резултат.
Со овој избор наслови се надеваме дека ќе ги испровоцираме
децата брзо и лесно да ги совладаат броевите и да го исполниме
нивното време со забавна едукација.
Сите наслови ќе ги пронајдете во продажната мрежа на Просветно
дело.
To Top