Вежбајте со најдобрата Збирка задачи по математика за прва година

Оваа збирка е создадена од тим кој на времето бил број еден во
државава, а потврда за тоа е и нејзината долгогодишна употреба и
интерес кој трае до ден денеска.
Концепциски е работена според наставната програма за 1ва година
на средното образование, и е поделена на два дела:
1. Првиот дел се задачите.
Посветено е внимание за нивен избор и редослед. Тие се
средувани како по сродност така и по сложеност. Значи се
почнува со едноставни задачи за на крај да дојдат сложените.
На крај на секое поглавје се понудени и дополнителни задачи,
кои се наменети за ученици со посолидни математички
знаења.
2. Вториот дел се одговорите, упатствата и решенијата. Како што
е дадена редоследноста на задачите, така следуваат и
нивните решенија. За сите задачи постои решение или
одговор, а за некои и упатство за решавање.
Онаму каде што е потребно се дадени неопходни дефиниции,
теореми и формули.
Преку решавањето задачи се вежба изучениот материјал, и
истите треба да се вежбаат самостојно.
РЕШАВАЊЕТО ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА НЕ Е ЦЕЛ ЗА СЕБЕ, ТУКУ
ПОТТИК ДЕКА ВЕЖБАЊЕТО ОДНОСНО ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА
НА ЗНАЕЊЕТО

To Top