Вежби за подобри резултати во учењето

Заморот и незаинтересираноста се чести причини за лошите резултати во учењето и недисциплина учениците. За учениците проактивно да учествуваат во наставата ние ќе споделиме техники со кои може да си ја подобрат концентрацијата.

Како и пред било каква спортска активност мускулите треба да се загреат, така треба да се подготвиме за секоја зголемена ментална активност, вели Сања Црлен тренер за ментални активирања. Еве неколку предлог вежби како на забавен начин да го тренирате вашиот мозок.

  • Вежба број 1.

Земете весник и одберете некој помал текст. Потоа заповедајте си себе да го прецртате секое мало ,,е” најбрзо што можете,  истовремено броите колу сте прецртате. Со оваа вежба се тренира брзината на преработка на информации и распонот на краткотрајната меморија.

  • Вежба број 2

Пред вас има зборови напишани во различни бои, тренингот се состои во тоа што нема да го читате зборот туку ќе ја изговарате бојата со која тој е напишан. Оваа вежба можеби изгледа едноставна но искуството зборува обратно.

  • Вежба број 3

На лист хартија се наоѓаат броеви од 1 до 70, задача е да се следат броевите од 1 до 70, а потоа во обратен низ, но треба  да се следат само со очите без помош со молив или прст.

 

Вежбите се препорачуваат да се прават пред 5 минути пред првиот час и 5 минути по големиот одмор. Се препорачува и да се прават прд да се почне со учење и пишување на домашни задачи.

To Top