Ви претставуваме 5 мали гении

Business Insider направи листа на најпознатите мали гении. Меѓу нив ќе најдете луѓе кои денес се возрасни , но своите способности ги покажале уште од најмала возраст. Ова се дел од нив. Ви претставуваме 5 мали гении:

Џејкоб Барнет

На само осум години Џејкоб Барнет почна да оди на Purdue University Indianapolis. Барнет има IQ поголемо од Ајнштајн и веројатно е на пат кон тоа да добие Нобелова награда, барем така прогнозира еден од неговите професори. Мајката на Џејкоб вели дека момчето само научило алгебра, геометрија и тригонометрија во период од две недели, седејќи на својата тераса читајќи книги.

Џејкоб во моментов работи на тоа да ја прошири теоријата на релативитет поставена од Алберт Ајнштајн. Иако боледува од блага форма на аутизам, тоа не е некоја пречка за неговите научни достигнувања.

 

Колин Карлсон

Карлсон кој има 13 години сам се научил да чита, а дипломирал преку онлајн програмата на Стенфорд на 11 години. Колин има неверојатен просек, но најпознат стана по тоа што го тужеше Универзитетот од Конектикет во втората година од своите студии таму, затоа што сметаше дека Универзитетот го дискриминира.

Имено, Колин поднесол барање за да учествува во едно истражување кое го спровел Универзитетот кое ќе му овозможело да патува во Јужна Африка, но не добил дозвола од таму, па тој ги тужеше затоа што сметаше дека го дискриминираат заради возраста.

Колин е особено заинтересиран за екологијата и околината, области од кои има две дипломи.

 

Грегори Смит

Во 1999 година на десет-годишна возраст, Грегори Смит доби четиригодишна стипендија на колеџот Randolph-Macon во висина од 70.000 долари. Смит дипломираше со извонредно постигнати резултати и доби диплома по математика, историја и биологија.

Две години подоцна се сретна со Бил Клинтон и Горбачов, се обрати пред Обединетите Нации и дури четири пати е номиниран за Нобелова награда, заради својата хуманитарна работа во Сао Паоло, Руанда и Кенија.

 

Ким Умг Јонг

Роден во 1962 година, Јонг на само три години следел предавања по физика на Hanyang University во Јужна Кореја и тоа како гостин. На само осум години добил покана од НАСА да дојде да учи во САД.

Инаку Јонг е запишан во Гинисовата книга на рекорди, за личност со најголемо IQ измерено досега кое изнесува 210.

 

Сафрон Плеџер

Уште не знае што значи тоа да се учи во рамки на образовна институција, но на четири-годишната Сафрон веројатно би и било здодевно таму бидејќи има IQ од 140 и со тоа е најмладиот член на МЕНСА.

To Top