,,Волшебникот од Оз” е највлијателниот филм на сите времиња.

Кога торнадото ја однесе Дороти во магичниот свет на вештерки и страшила кои зборуваат, никој не можеше да претпостави каков ефект ќе имаа оваа приказна за филмскиот свет. Според група истражувачи од Италија, токму „ Волшебникот од Оз “ е највлијателниот филм на сите времиња.

Истражувачите проучуваа преку 47.000 филмови од 26 различни жанрови и се обидоа да откријат кој филм е најзастапен во филмските референци, инспирацијата и сценаријата од филмската индустрија.

Резултатите ги добија користејќи комбинација од четири математички пристапи со кои ја откриваа поврзаноста помеѓу филмовите, земајќи ги предвид бројот на референци кои филмот ги добива и дали филмовите кои го референцираат оригиналниот филм се самите по себе влијателни.

Крајната листа од 20 највлијателни филмови по некоја случајност се состои целосно од филмови направени пред 1980 година, што е логично со оглед на тоа дека за некој филм да ја докаже влијателноста, му треба време за да влезе „под кожата“ на филмските работници и љубители. Помеѓу останатите филмови се пронајдоа класични хитови како „Star Wars“, „Citizen Kane“ и „Battleship Potemkin.

„Токму ова беше целта на нашето истражување на највлијателните филмови на сите времиња: да покажеме кои од нив се исклучително важни од историска гледна точка“, изјави д-р Ливио Биољо, еден од авторите на истражувањето.

To Top