ВОНЗЕМЈАНИ – ВИСТИНА ИЛИ ДОБРИ ВЕШТИНИ ЗА ФОТОШОП

Вонземјаните отсекогаш биле тема на разговор и најголема атракција. Под зборот „вонземјанин“ сите подразбираме страшно вселенско суштество кое не доаѓа од нашата планета, со елипсовидна форма на главата, со големи очи и антени.Но, што доколку дознате дека вонземјаните ја имаат посетено земјата неколку пати и не се баш онакви какви што ги замислуваме?

Имено, научник и  службеник во американската влада, блиску пред својата смрт, дал интервју во кое кажал дека во владата биле вработени вонземјани дури и со децении.За нив кажува дека имале дури и по 250 години, а во тој момент дури осумнаесетмина работеле во американската влада.Тој бил одговорен за да ги прима вонземјаните и нивните технологии, а тие на нашата планета пристигнувале со летечки чинии кои биле широки дури и 11.5 метри.

Можеби е потешко да се верува во изјавата на американскиот научник, но сепак, нелогично е да мислиме дека живееме сами во целата вселена, нели? Иако, зарем не им би било и ним потешко да стасаат на нашата планета, како што ни е и нам?

Но, научниците бараат цврсти материјални докази.Најголемиот процент од вселенските летечки објекти успеале да ги објаснат, но има пет проценти на необјасниви појави предизвикани токму од тие летечки објекти. Науката врши радарски контакти и  следеЊа, а доказите од нив се вбројуваат во најверодостојните.Во една ваква прилика, бил забележан масивен и бесшумен црн триаголник над Белгија уште во далечната 1989/90 година.

Исто така, има и материјални докази од траги при слетување, вклучувајќи траги на земја (спалена и/или раскопана), спалена или прекршена вегетација, траги од метал, магнетни аномалии и зголемено ниво на радијација. Добро познати примери се: 1980 година – Шумскиот инцидент во Ренделшам, Англија; и 1964 година – Сокоро, Нов Мексико, кој се смета за еден од најнеобјаснетите случаи.

Некои научници истражиле подлабоко и веруваат дека вонземјани ја посетиле и Македонија во една прилика во 2001 година во Татичев Камен. Има пронајдоци  и во другите градови каде што се пронајдени археолошки остатоци на кои има слики од суштества кои се верува дека се вонземјани.

Во 2012 година, во близината на Прилеп, неколкумина возејќи се, забележале нешто на небото кое им изгледало како летачи објект.Излегле од автомобилот, и го снимиле сето тоа.На почетокот изгледа како летечкото возило да се крие зад облаците, во еден момент се забележува силно светеЊе , а потоа има ефект како вселенското возило да паѓа.

Но, дали ова е вистина, или само добри способности во едитирање, вие одлучувате.

Автор:

Емилија Пецаковска

To Top