Во Битола се одржаа игри без граници

Спортот е неразделен дел од воспитувањето на младите

Да се спортува и рекреира не е потребен посебен повод. Медиумот за млади tvb.mk кој ги организираше детските трки ТРКА НА РАДОСТА 2019 со помош на Спортската Академија од Битола и поддршката од Млекарница Бучен Козјак, повторно заедно со своите соработници, на едно место ги собра учениците од сите десет Основни Училишта во Битола.

Секое Училиште зеде учество со  екипа од 12 деца 

Спортскиот настан беше од забавен карактер, се одржа во Спортската Сала „Боро Чурлевски“ на 25ти Декември

Идеата за одржувањето на игрите без граници е желбата за присуство на спортот во секојдневието на децата „без граници“.

Оваа 2019та,  учебната година  започна енергично со детска трка – на ист начин годината ја завршуваме.

Средношколците од Спортската Академија, на терен го демонстрираа целото свое знаење и умешност за работа и координирање со групи.

пробиотскиот јогурт на Бучен Козјак го помогна одржувањето на настанот

To Top