,,Го градам мојот град” во Детскиот културен центар „Карпош”

Во Детскиот културен центар Карпош и оваа година традиционално се одржа манифестацијата посветена на предучилишните установи, а во чест на градот Скопје “Го градам мојот град” 2018.Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.

На манифестацијата учествуваа деца од 20 градинки од Скопје. Секоја градинка ја претставуваше екипа од 5 деца, а објектот кој беше изграден е по нивен избор, како и градежниот материјал како коцки, цртежи, природни материјали како лисја , дрвца и сл.Градинките чиишто дечиња се учесници на оваа традиционална манифестација добија и симболични подароци во знак на благодарност за соработката од Детскиот културен центар Карпош.

To Top