Дали Албон ќе го задржи своето место во тимот?

Од Бојан Божиловиќ

За следната сезона делумно е познато кој возачи за кој тим ќе настапуваат,сепак неколку значајни места се сеуште отворени.Освен тоа што сеуште не е официјално потврдено дека Хамилтон ќе остане во Мерцедес,во тимот на Ред Бул останува прашањето кој возач ќе биде тимски колега на Ферстапен.Моментално оваа улога ја има Албон,откако во 2019 беше направена промена со Гасли,кој се врати во Торо Росо.Тајландскиот пилот веќе извози 19 трки за екипата на Ред Бул и успеа само еднаш да заврши на подиумот,остварување кое го достигна на Муџело оваа година откако заврши на трето место зад двата Мерцедеса.Оваа година покрај тоа успеа да собере 64 поени од 10 извозени трки што е 6.4 поени од трка во просек,што е многу малку за возач во болид на Ред Бул кој би требало да е конкурент за подиум во текот на целата сезона.Па со тоа може да се каже дека ова е слаба сезона на Албон во Ф1.Од друга страна пилотот кој беше заменет со него,Пјер Гасли,има одлична сезона во однос на болидот кој го вози,па дури со својата Алфа Таури успеа да дојде и до првата Гран При победа во својата кариера.
Кога ќе се земат овие факти во предвид доаѓа прашањето дали Ред Бул згреши во својата одлука да ги замени двата возачи,иако доколку Гасли беше брилијантен во Ред Бул сигурно дека тимот ќе го задржеше и понатаму,а треба да се спомне дека и Албон имаше добри резултати во Торо Росо но не успеа да ги достигне очекувањата по доаѓањето во Ред Бул.Сега сеуште не се знае дали Албон ќе продолжи да вози за австрискиот тим и следната сезона или можеби ќе се потрудат Гасли да се врати назад,но засега не се споменува некое друго име како голем кандидат за замена на Албон и веројатно е дека пилотот од Тајланд ќе има уште една сезона во една од најдобрите екипи во Ф1.Со тоа што ќе добие повеќе време,Албон,можеби ќе успее да ја врати својата форма па и да го достигне она што го правеше Рикардо во Ред Бул.
To Top