Дали е навистина концентрацијата проблемот на Ботас?

Од Бојан Божиловиќ

Возачот на Мерцедес во изјава пред скоро време,кажа дека од кога ја делат гаражата со Хамилтон,британецот бил цело време подобар,но Ботас верува дека може да биде Ф1 шампион.Тој кажа дека психолошкиот момент е најголем проблем односно дека поради притисокот кој си го наметнува на самиот себе и начинот на кој влегува во некои трки од психолошки аспект,влијаат на тоа да не е константен во текот на сезоната кога е успехот во прашање.
Но,да ја погледнеме малку пошироката слика,односно целиот тим.Мерцедес веќе седум години доминира во овој спорт,поставувајќи нови рекорди и развивајќи го најдобриот болид во историјата на Формула 1.Но,во самиот тим се случија големи промени после освојувањето на светската титула на Нико Розберг.Додека германецот ја делеше гаражата со Луис,Мерцедес имаше одлична постава,од двајца супер пилоти,но повторно се покажа дека таа опција,на двајца врвни возачи во ист тим не е добитна комбинација,за тим кој планира успех на долг период,односно тим кој сака да воспостави доминација во спортот и планира на долг пат да биде секоја сезона меѓу главните фаворити.
Познато е дека Розберг и Хамилтон не беа во добар однос,се бореа и на стаза како вистински противници со што се случуваа инциденти помеѓу нив,нешто што иако е возбудливо за публиката,на крај цената ја плаќаше тимот,со изгубени поени и немир во самата гаража.Па со неочекуваното пензионирање на Розберг од Ф1,се отвори одлична можност за германскиот тим да направи клучни промени,што на крај Волф и ги направи.Тоа беше донесување на нов,квалитетен возач во тимот кој нема да има проблем со тоа да биде класичен втор возач односно само поддршка на Хамилтон,во неговиот пат кон титулата.Со тоа Мерцедес си обезбеди мирна гаража,квалитетна постава и кога се ќе се собере,една одлична атмосфера која загарантира успех на долгорочен план.
Кога станува збор за желбите на Ботас да биде шампион,тоа се разбира дека е сон на секој возач кој влегува во Ф1,па и на оние во помалите категории,но се додека Хамилтон е првиот избор на Мерцедес,Ботас нема да добие шанса за борба за шампионската титула па и доколку ги среди тие проблеми со притисокот и концентрацијата,бидејќи тоа е планот по кој Мерцедес се води.Но,токму по заминувањето на Луис од тимот,се чини дека ќе биде вистинската можност за Ботас,се разбира доколку екипата му даде поддршка и го задржи и во следните сезони.Тешко е да се даде предвидување околу тој дел односно дали Ботас ќе ја замени улогата на Луис па некој помлад,помалку искусен возач ќе биде негов “грб” или па Мерцедес ќе ја промени стратегијата па ќе остави на своите возачи да се надигруваат на стаза,останува да се види.
To Top