Дали може да има изненадување и во Источната конференција?

Од Бојан Божиловиќ

Се поблиску сме до финалето на овогодинешниот плејоф,во кој веќе се пласираа Далас Старс,откако со 4-1 во полуфиналната серија го добија Лас Вегас,што беше и мало изненадување во плејофот бидејќи Голден Најтс беа во топ 3 фаворити за освојување на Стенли Купот оваа година.
Сепак многу поголемо изненадување може да се случи во финалето на Источната конференција каде моментално се одиграни 5 натпревари со предност на Тампа Беј Лајтнинг од 3-2.Во шестиот меч од серијата Ајлендерс ќе имаат можност да го израмнат овој резултат а со тоа да дојдат на само еден натпревар до финалето.Доколку на тимот од Њу Јорк му успее овој подвиг ќе биде сензационален успех бидејќи регуларниот дел од сезоната го завршија на седма позиција во Источната конференција,а од друга страна Лајтнинг се сеуште најголем фаворит за освојување на Стенли Купот.Во текот на плејофот,поточно во осмина-финалето Ајлендерс успеаја да исфрлат еден од фаворитите оваа година,тоа беше екипата на Капиталс,која загуби во серијата со убедливи 4-1.Иако се сеуште далеку и им останува тешка задача за пласман во финалето,знаејќи го квалитетот на Тампа Беј,Ајлендерс со само една победа можат да го однесат полуфиналето во голема неизвесност.
To Top