Дали најмладиот клуб може до освојување на Стенли Купот?

Од Бојан Божиловиќ

Хокејот во НХЛ веќе стигна до полуфиналните дуели во оваа многу поразлична сезона,која што мораше да биде прекината во Март поради пандемијата,а плејофот по долга пауза да се игра во два канадски града и тоа без публика.
До овој момент се одиграни два полуфинални натпревари,првиот во кој Далас Старс со минимална разлика од 0-1 дојдоа до победа над Голден Најтс,иако беше еден изедначен натпревар во кој и двете екипи имаа ист број на удари кон голот и генерално слични бројки во статистиката сепак Далас,кој имаше и повеќе исклучувања дојде до победата.Голем допринос имаше Кудобин кој го одигра цел натпревар и успеа да го одбрани буквално секој шут кон неговиот гол со што го заврши мечот со 100% реализација.

Но и покрај овој пораз Голден Најтс се сеуште фаворити за пласман во финалето,каде што би се сретнале со Тампа Беј или Ајлендерс.Самиот пласман во финале и борба за Стенли Купот ќе биде огромен успех за клубот од Лас Вегас кој е формиран пред само три години и кој според обложувалниците беше еден од фаворитите за трофејот уште пред почетокот на плејофот.Најтс,регуларниот дел од сезоната го завршија на 3то место во Западната Конференција,зад Колорадо и Сент Луис,а во плејофот имаа релативно лесен пат на кој се сретнаа со Блекхокс и Канакс.Сега ќе мораат до финалето да стигнат преку Старс,тимот кој сигурно малкумина го очекуваа во полуфиналето и кој покажа дека има квалитетна екипа оваа сезона,елиминирајќи ги Флејмс и Колорадо,тим кој исто беше сметан за фаворит за шампионскиот трофеј.Иако се сеуште далеку,Најтс имаат квалитет да се борат против било која екипа за историски успех.
Фото: nhl,theathletic
To Top