ДАЛИ ТРЧАЊЕТО Е ДОБРО ЗА ДЕЦАТА

Како да ги мотивираме децата да трчаат

Со зголемената дебелина и се помалата физичка активност на децата, родителите  треба да ги поттикнуваат децата  да спортуваат , за да го подобрат долгорочно своето здравје.

Но, колку  е трчањето добро за децата?

Трчањето е одличен вид на вежбање за било која возраст, а поттикнувањето на децата да учествуваат во спорт и активности , каде што има трчање е позитивно и здраво.

Трчањето ги зајакнува коските, ја подобрува координацијата, го вежба кардиоваскуларниот систем, ги зацврстува мускулите и тетивите и секако е Забавно! Сите овие се  причини да почнете да трчате, но умерено и без претерување.

Колку може децата да трчаат?

Кај децата почетници со трчање, примарно треба да биде уживањето, задоволството од истото. Затоа обидете се трчањето да им биде забавно, а тоа може да се постигне и со воведување на различни тркачки дисциплини: спринтови, трчање со препреки, штафетно трчање и т.н.

Водете сметка, пред трчање да се направи загревање и  истегнување.

Дали може децата да се тркаат?

Поголем број маратони, поставуваат старосна граница, а минималната граница е 16-18години. Ако вашето дете има помалку од 15 години може да се трка во детски трки на следна должина:

  • под 4 години 50 – 100m
  • 5-6 години – 200m
  • 7-8 години – 400m
  • 9-10 години – 500m
  • 11-12 години – 800m
  • 12-13 години– 1.6km

 

Совет

Ако сакате вашето дете да има добра основа за понатамошно напредување, дозволете му да тренира со квалификуван тренер. За родителите од клучно значење е тренингот да е правилно структуиран во склад со физичкиот развој, со што се елиминира опасноста од претренираност.

To Top