Дали ќе може Ферари да се бори за второ место?

Од Бојан Божиловиќ

Формула 1 веќе подолго време е едноличен спорт во кој доминацијата ја има германскиот тим предводен од Хамилтон.Освен 2016та кога Розберг успеа да дојде до шампионската титула и 2018 кога Фетел беше во конкуренција се до германското Гран При,се друго беше многу полесна задача за Хамилтон и Мерцедес.Со самото тоа од една страна се пишуваше историја во овој спорт,како во возачка така и во тимска конкуренција но од друга страна опаѓа популарноста и заинтересираноста кај фановите бидејќи она што најмногу го очекувате од мотоспортот односно атрактивност,неизвесност и адреналин,исчезна со самата супериорност на еден тим. Може во сето тоа да се погледне уште еден позитивен аспект,а тоа напредокот на победничкиот болид што кажува колку голем напредок има во овој спорт од технички аспект,а со самото тоа ги тера и другите тимови да се подобруваат,што и почна да се случува со најавата на Ферари дека веќе го апдејтираше моторот на својот болид и сигурно е дека амбициите на италијанскиот тим се сеуште високи.Но кога е во прашање оваа сезона малку е веројатно дека друга екипа може сериозно да го загрози патот на Мерцедес кон уште еден светски трофеј.Истото се однесува на Хамилтон но сега ќе се посветиме повеќе на тимската конкуренција,односно што може Ферари оваа година.
Треба да се спомене дека во црвениот тим дојде нов возач,Карлос Саинц,како замена за Фетел,после уште една многу добра сезона во МекЛарен.Тешко е да се прогнозира меѓусебниот однос на Леклер и Саинц и дали шпанецот ќе биде рамноправно третиран од тимот,бидејќи и додека Фетел беше во Ферари,во јавноста се добиваше впечаток дека екипата е многу понаклонета кон пилотот од Монако.На прашањето дали ќе има класичен втор возач,одговори една изјава на Биното кој кажа дека двајцата возачи ќе имаат можност да се борат на стаза.
Дали е ова шампионска постава на Ферари,па и доколку би биле рамноправни сите три тима (со Мерцедес и Ред Бул) е тешко да се каже,и веројатно одговорот е не,но во сегашната ситуација Ферари со доста подобар болид од она што го имаа лани,сигурно дека може да го превземе второто место од австрискиот тим,бидејќи имаат квалитет за тоа позади воланот.Но токму тој технички аспект ќе биде најважен за Ферари,односно колку тој апдејт или подобрување на моторот ќе има ефект во трка и дали ќе биде доволен за да се бори со Макс и Перез,а доколку се земе во предвид тестирањето пред сезоната,одговорот и на ова прашање е, не.
Кога станува збор за Мерцедес,веројатно и во Ферари знаат дека шансите им се екстремно мали за да го загрозат моментално незапирливиот седум пати последователен шампион.И изјавата која Биното ја даде пред некој месец укажува на тоа,каде што вели дека очекува напредок за оваа година но нивниот фокус е на 2022.Тоа е добар начин да се затвори и најмалата дилема,(доколку воопшто постои) дали Ферари може да конкурира оваа година на Мерцедес,но со многу поконкурентен болид сигурно дека можат да се борат за трета позиција,нешто што би било добро и за самиот спорт,барем кога првото место е недостижно за останатите,фановите да можат да гледаат борба и неизвесност во другиот дел од гридот.
To Top