ДЕЦАТА ВО ЈАПОНИЈА СЕ НЕЗАВИСНИ И САМОУВЕРЕНИ

Научете ги вашите деца да бидат независни и самоуверени , според јапонскиот начин на живот!

Дали можете да си замислите петгодишни деца сами патуваат во преполн воз, во голем град? Веќе од самата помисла се уплашивте? Тоа е редовна слика во текот на еден ден во Токио. Децата во Јапонија , за разлика од своите врсници во светот се  многу по независни.

Јапонските деца почнуваат да бидат корисни за себе и околината, буквално  откако ќе започнат да одат. Извршуваат  секојдневни работи дома, ги чистат училиштата, послужуваат ручек за време на паузата за ручек, исто така одгледуваат и зеленчук во училиштата. Тоа е јапонски концепт на јапонски модел на образование.  Што ги прави подобри? Истражувањата покажуваат дека освен самодовербата исто така и меѓусебната доверба е доста висока.

Значи, кога една мајка го праќа своето дете во училиште, таа верува дека другите патници ќе му помогнат ако  му затреба помош на детето. Детето пак знае дека може да се обрати  на било кој за помош и да биде сигурен дека ќе добие помош. Тоа е можно затоа што стапката на криминал е многу на ниско ниво. Луѓето се горди што можат да му помагаат на другите, а децата се горди затоа што се корисни за семејството.

Во нашето општество владее параноја, ги учиме децата да внимаваат, со непознати луѓе да не комуницираат, но ако ги сакаме нашите деца, треба исто така да им помагаме и на другите деца, кога тоа ќе го побараат од нас!

Возрасните го градиме нашето општество, затоа треба да го „кроиме“ по мерка на сите нас, најповеќе да биде по мерка на децата, да биде хумано и безбедно.

Каде јапонските деца ја  учат самодовербата?

следете ги нашите содржини….. во јапонските училишта се гради карактерот

јапонски древни мудрости

 

To Top