ДЕЦАТА СЕ ПОДОБРИ КОН МАЈКИТЕ КОИ ПОВЕЌЕ ВНИМАВААТ НА СЕБЕ, ЕВЕ И ЗОШТО…

Цел живот вложувате во децата, велите дека сте пожртвувана мајка, грижлива и посветена на децата. Во меѓувреме се запоставивте. Сега кога децата се големи, полнолетни и имаат свој живот, се чувствувате осамено и искористено. Сметате дека животот не е праведен, а децата неблагодарни и себични. Наместо благодарност добивате  критики. Ви зборуваат дека сте здебелени, запоставени, дека сте остареле, немаат време за вас, сите се зафатени кога треба да ви се донесе лекови,  вода, да се исчисте снегот и т.н.

 

Вашата сосетка , која е 10 години постара од вас, но  се уште е витка, права и фарбана. Нејзините деца се горди на неа и со голема почит зборуваат за неа, нејзиниот роденден не го забораваат, а  а дотрчуваат сите  и за најобична настинка. Често сте знаеле да кажете за неа дека е „ Вредна, но не е многу пожртвувана мајка…“ Се прашувате дали сосетката  едноставно имала среќа со децата или  знаела нешто што вие не сте знаеле? Не ви е јасно каде сте згрешиле, а а се сте им дале, и затоа сте се запоставиле!?


Причини секогаш има многу, но тоа не е тема. Воглавном, тоа што сте згрешиле е тоа што сте се запоставиле. Вашите деца донесле заклучок „Мама сама не води грижа за себе, па не треба ни ние да се грижиме….да, често се жали дека ја болат нозете, но кога и велиме да оди на лекар, таа не сака да оди…“ Кога се однесувате како да не сте важни и одите по мотото „Јас не сум важна, се за децата“ , децата така и ќе ве третираат. Ништо не е одеднаш и случајно настанато, вашите деца со години сте ги навикнуваале дека ти е се најважни.

Грижата за децата подразбира  понекогаш нешто да жртвувате, но тоа никако не значи дека треба потполно да се запоставите, да станете неважна за самата себе. Погрешно е секоја грижа за самите себе да ја етикетирате како себична. Кај нас е вкоренето  размислувањето како да се биде мајка  е да се биде жртва, дека мајката која се грижи за себе себична, а всушност тоа значи одговорна! Ништо не е погрешно додека се грижите за себе, а не ги запоставувате децата, Суштината е во тоа да балансирате помеѓу грижата за себе и за децата.

 

Не треба да се заборави дека не е се во количината на храна која ја подготвувате за децата и парите кои ги трошите на нив, нешто има и во ритуалите кои ги  негувате и вредностите  кои им ги пренесувате. Вашата сосетка ги учела своите деца дека мајката треба да се чува и да се сака, дека децата покрај правата имаат и  обврски кон родителите, била повеќе мајка, а помалку готвачка и собарка. Можеби не била мајка која прави најубави колачи, која во недела наутро ги буди со топли палачинки, но била мајка кога гради одличен однос со своите деца. Односот со децата е тоа што го негувала и тоа е најважно за децата

Автор  психолог Бранка Василев

To Top