Деца генијалци пронашле изум кој ќе го спаси светот

Група основци осмислила начин на кој може да се рециклира стиропорот, за чие разградување инаку се потребни 500 години, а производот кој се добива од тој процес се користи за прочистување на вода.

Рециклирањето на стиропорот е многу скап процес, па поради тоа постои многу мала пазарна потрошувачка за тоа. Сепак, изумот на овие деца тоа може да го промени.

Како што објаснил еден од учениците, секојдневно сме окружени со многу предмети од стиропор кои ни служат само за еднократка употреба. Тоа најдобро го гледаме по чашите, пакетите за пакување на храна или кога купуваме домашни апарати.

“Кога купувате нов телевизор, со него добивате многу стиропор, кој зазема повеќе простор од самиот телевизор. Каде одат сите овие предмети кои ги користиме за еднократна употреба? Зошто да не ги рециклираме, како што правиме со пластиката?” изјави еден од учениците и додава: “Мојот тим изнесе хипотеза дека би можеле да користиме јаглерод кој веќе се наоѓа во стиропорот, за да создадеме активен јаглен, кој денес се користи во речиси секој филтер за вода”

Активниот јаглен користи многу мали микропори за филтрирање на вода, па дури и на воздух.

“Се обидувавме од почеток и од почеток, по секој неуспех. Речиси бевме подготвени да се откажеме, но тогаш се случи. Во вистинско време, со вистинска температура и хемикалии, конечно добивме успешни резултати, кои покажаа дека создадовме активен јаглен од фрлениот стиропор”- раскажува ученикот.

Нивниот проект добил многу награди. Со својот проект, овие деца генијалци понудија решение за два глобални проблеми!

To Top