Додека на нашите деца оброкот им е пица или хамбургер, еве што јадат децата ширум светот

Тоа, што јадат децата во светот, сосема се разликува од нашите деца, кои најчесто се во дилема која кифла, па  дали пица или хамбургер да „смачкаат“ на голем одмор.

Иако нездравата исхрана во Соединетите Американски Држави е веќе позната работа, сепак има градови и училишта во кои се посветува големо внимание на храната во училиштата, на пример мени за еден ден содржи:

пире од компир, поховано пилешко, варен грашак, сецкано овошје и кекс

Децата во Италија на мени имаат риба, багет, салата, тестенина и свежо овошје. Земјите од кои треба да се земе пример, како треба да се однесуваме со проблематиката „исхрана во училиште“ се: Грција , Франција, Јапонија, но ништо помалку не заостануваат Украина и Шпанија.

Малку кој од нас би поверувал дека подеднакво лошо се хранат учениците во Англија и Финска, кои важат за земји со најголеми вложувања во образованието. Малите Финци имаат сиромашен вегетаријански оброк,а Англичаните исто така имаат незадоволително мени  за деца во ран развој и раст

 

Само со малку фантазија и соработка со децата, подготвувањето на детска ужинка може да биде и забавна и брза работа

 

Дали водите сметка колку е здраво вашето смутинаправете им го најдоброто смути…..

 

Според нутриционистите, идеалниот оброк треба да содржи овошје, зеленчук, јагленохидрати и протеини. Тука додаваат тие и кисело млеко покрај супата, како извор на калциум и витамин B и се разбира  овошје  како извор на витамин C. Можеби ќе се изненадите од  фактото дека нутриционистите не се против мал десерт со џем или мед, кој и тоа како им е потребен извор на енергија.

Обидете се да биде вкусно, привлечно за око и хранливо. (низ неколку фотографии, предлог идеи од креативни родители)

Дали водите сметка колку е здраво вашето смутинаправете им го најдоброто смути…..

 

Купувањето на чаши и  кутии за храна, покрај големиот избор на пазарот, прераснува во вистинско помодарство, но  употребувајте ги редовно, само така ќе ја исполнат својата функција, а во исто време ќе ја оправдаат вашата шопингманија!

Во продолжение, ви предлагаме да ги подготвите следните рецепти за смути…..

 

 

 

To Top