Доминација на Колорадо за прва победа

Од Бојан Божиловиќ

Уште пред почетокот на оваа сезона според многумина Колорадо Аваланш се едни од најголемите фаворити за подигнување на Стенли Купот,но тимот од Денвер имаше лош старт со пораз од 1-4 во првиот меч против Сент Луис Блуз.Сепак во вториот натпревар кој се одигра утрово,Аваланш покажаа дека имаат силен состав кој ќе се бори за висок пласман оваа сезона и го “прегазија” Blues со 8-0.
Аваланш уште од првиот период почнаа агресивно и напаѓачки со 12 удари во голот и дури три исклучувања,но Сент Луис успеа да го одбрани својот гол со 12те одбрани на Бинингтон.Во втората третина Аваланш продолжи со истата игра и овој пат од 12те удари, четири завршија во мрежата на гостите.Сликата на теренот добро ја покажува и статистиката од вториот дел во кој Сент Луис шутираше само четири пати и направи три исклучувања.
Последниот период не донесе никаква промена и домаќинот со уште четири гола целосно го “разби” тимот на Блуз иако гостите направија промена на голманската позиција во почетокот на третата третина.После овој меч Аваланш се наоѓа на 4то место во Западната Дивизија,а Сент Луис Блуз е веднаш зад нив со ист број на бодови (2).Сега на Колорадо му претстојат два меча против Кингс додека Блуз ќе игра два пати против Шаркс.

Фото: Isaiah J. Downing – USA TODAY Sports

To Top