Друштвени игри- одличен повод за собирање на друштво

Иако технологијата расте во сите размери, геjмерите ги живеат своите соништа со најновите верзии на омилените компјутерски игри, сепак друштвените игри се уште  наоѓаат место во забавувањто на луѓето. Но дали е тоа случај кај децата и тинејџерите?

Ви претставуваме три друштвени игри: Монопол, Ризик, и Не лутисе човече со цел да ве запознаеме со нив.  Доколку ги знает овие друштвени игри и сте ги играле претходно, нашата цел е да ве потсетиме и да станат повод за уште многу дружења.

Монопол

Монополот настанал во 1903 година во САД, а идејата на оваа игра е да покаже колку е подобра економијата која го наградува правењето на богатство, од онаа која ја контролираат монополистите. Оваа игра ја промовира и самата  идеја на Хенри Џорџ, особено за начинот на  оданочување. Сегашната верзија на игра за прв пат ја промовирале Parker Brothers  во 1935.

Играчите се движат по картонска табла, така што купуваат или го  разменуваат својот имот, градејќи куќи и хотели на своите имоти, додека собираат кирија или рента од своите противници. Целта е сите противници да се доведат до банкрот, за да остане еден главен монополист на пазарот. Оваа игра стана дел од популарната култура, а лиценцирана е во 103 земји во светот и печатена на повеќе од 37 јазици.

Ризикo

Ризико е стратегиска игра, а ја патентирале Parker Brothers. Играта оригинално настанала во Франција, а ја осмислил францускиот режисер Алберт Ламорис и оригинално е промовирана во 1957 година. Оваа игра се игра во круг, а предвиден е за двајца или шест играчи. Картата е поделена на 42 територии во светот, кои се групирани на 6 континенти. Секој играч избира тенк со одредена боја, а целта е да се освојат сите територии. Играта ја одредуваат коцки, врз чија основа се движат играчите.

Не лути се човече

Не лути се човече, се претпоставува дека настанала многу одамна и дека води потекло од Индија. Била многу слична на тогашната индиска игра Pachisi.Исто така слична е и на американската игра  Parcheesi, како и на англиската Ludo. А сегашната игра ја осмислил и дизајнирал германецот Џозеф Фридрих Шмит во 1907 и 1908. Играта е издадена во 1914 година и продадена во околу 70 милиони примероци. Многу била популарна помеѓу германските војници во Првата светска војна. Се игра со двајца, четворица или зависно од картонската табла можи и со повеќе. Секој играч избира четири фигури со иста боја. Целта на играта е секој играч своите четири фигури да ги доведи до целта, со фрлање на коцка и во зависност од тоа кој број ќе падни на  толку полиња се движи. Оваа игра кај децата го поттикнува развојот на логичкото и математичкото размислување, предвидување и заклучување. Почитувајќи ги правилата на играта, децата учат да ги контролираат своите чувства, да бидат трпеливи и истрајни и да се социјализираат.

Сигурно секој од вас во некоја фиока чува некоја друштвена игра која ја добил на поклон или некогаш родителите ја играле… Друштвените игри знаат да бидат одлична забава и одличен повод за собирање на друштво. Не само што нудат добра забава, тие нудат зближување и зголемување на меѓусебната интеракција на играчите, што значи пипкањето во мобилниот телефон е излишно и најчесто не доаѓа ни на памет.

To Top