Елеонора Димковска, шампионка во гимнастика

Има тинејџери кои со својата упорност, трудољубивост се одличен пример за своите врсници,  како треба да се однесуваат со самите себе. Тие млади успешни луѓе делуваат мотивирачки. Ако разговарате со нив, тие се толку едноставни, непосредни, но слушајќи ги внимателно, ќе ја почувствувате нивната голема верба во самите себе. 

Елеонора Димковска  несомнено е една од овие млади луѓе , која ги поседува сите овие позитивни карактеристики, па затоа и сите нејзини настапи завршуваат со награда или признание.

На прашањето, Зошто нејзиниот избор е гимнастиката, дали е задоволна од сопствените резултати, колку гимнастиката и помогна во нејзиниот личен психофизички развој и каде се гледа понатаму, разговараше со нашата млада репортерка од драмското Студио Арт и Медиа, Марија Нешевска.

To Top